ОБУКИ
РАЗВОЈ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ КАПАЦИТЕТИ И БИЗНИС ПРАКТИКИ
Тренинг – обуки кои обезбедуваат засилување на перформансот на Вашата организација и Вашиот тим на вработени преку усвојување и примена на практични алатки за усвојување на вештини и практики на успех.
ПРАВНА ЛЕГИСЛАТИВА
Напредни модули за обучување во примената на актуелното законодавство во областа на работните односи, безбедност и заштита при работа, трговското право и регулацијата на секој аспект од работењето на компаниите, колективно договарање облигационото право и склучување на договори, стечај и ликвидација, сопственост.
МЕНАЏИРАЊЕ СО ПРАВНИ И ФИНАНСИСКИ РИЗИЦИ
Тренинг – обуки насочени кои утврдување на вештини и разработка на алатки за систематско утврдување, оценување, управување и контрола на ризичните настани и состојби кои може да имаат негативни ефекти во постигнувањето на целите на организацијата.
Е – БИЗНИС
Курсеви и обуки кои на компаниите им овозможуваат практичен пристап на најширокиот пазар на делување, преку знаење за дигиталниот маркетинг, facebook бизнис – платформата, е – трговија, SEO (search, engine optimisation)
ЗА НАС
ЈУРИДИКА e Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација со седиште во Скопје, која активно работи повеќе од 10 години во областите на промоција и практична примена на добрите деловни практики, развивање на стимулативна - бизнис ориентирана правна регулатива, вонсусдко решавање на споровите, со акцент на мирно решавање на спорови и медијација. Нашиот тим поседува големо искуство во организација на обуки за развој на професионалните капацитети на менаџерите и вработените, како и стручност во спроведувањето истражувања и правна анализа на влијанието на законската регулатива врз развојот на компаниите. Активностите на Јуридика се фокусирани на анализи, истражувања, обуки и едукација за работодавачи и работници, синдикални организации, како и директно учество во креирањето на законската рамка во Република Македонија. Уредувањето и унапредувањето на правниот ситем воопшто, а особено судскиот систем, економските реформи и создавањето одржливо деловно опкружување, реформа на социјалното и трудовото право, колективното преговарање и договарање, како и развојот на трипартитниот систем како култура на решавање на општествените проблеми и предизвици, значително ќе придонесе за приближување на земјата кон европските стандарди во областите на трудовото, деловното, и социјалното право во кои особено делуваме како асоцијација за правно-економски истражувања и едукација. Повикани да работиме за општото добро чувствуваме одговорност да помогнеме во унапредување на бизнис климата во земјата, изградба и јакнење на довербата кон институциите, развој на социјалниот дијалог, нова деловна свест и обезбедување на достоинствен живот на секој граѓанин во Македонија.
Тренинг обуки за развој на професионалните капацитети на менаџерите и вработените
Истражувања и правна анализа на влијанието на законската регулатива врз развојот на компаниите
Редовно информирање за законските промени кои влијаат врз бизнисот, како и врз правата од работниот однос, преку организирање на трибини, работилници и семинари
Општи совети во областа на работните односи и работењето на Вашата организација
Бизнис Конфедерација на Македонија
БКМ застапува повеќе од 5.500 компании преку директно членство и преку колективно члество.
Правен факултет
Правниот факултет „Јустинијан Први” како дел од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, претставува водечката академска институција во Македонија во областите на правото, политичката наука и новинарството.