Правно советување: “Рабoтните односи – актуелни проблеми и решенија”

Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, одржа правно советување од областа на трудовото право и работните односи.

IMG-20180330-WA0007

На советувањето учествуваа судии, адвокати, професори и претставници на институции кои делуваат во областа на работните односи.
Учесниците ја имаа можноста да ги слушнат стручните излагања од врвни предавачи, да учествуваат во интерактивна дискусија, како и да разменат мислења за актуелни и проблематични прашања од областа на работните односи. Како предавачи на правното советување учествуваа: Судија Хилда Мешкова, Судија м-р Бојана Велковска, Злате Стојановски, и проф. д-р. Лазар Јовевски.

IMG-20180330-WA0001
Преку излагањата и дискусијата во детали беа разработени неколку теми од областа на работните односи, меѓу кои: конкурентската клаузула, надоместот на штета во работните односи, инспекцискиот надзор во работните односи, постапката за отказ на договор за вработување кај работодавачот, како и други теми кои произлегоа од овие прашања.
Настанот беше организиран преку панел дискусија со кратко излагање на предавачите на различни прашања во рамките на својата стручност и област. Преку основните теми на советувањето се разви дополнителна плодна дискусија меѓу учесниците и предавачите од која произлегоа вредни заклучоци кои значат можност за унапредување на праксата на спроведување и примена на законската регулатива во оваа област.

IMG-20180330-WA0005
Исто така преку заедничка дискусија се разменуваа ставови и искуства, за практичните проблеми кои имаат за цел да ги придвижат трудово правните односи во насока на подобрување на законската регулатива како и нејзината примена низ судската пракса.
Со благодарност кон сите кои што беа присутни на обуката можеме да кажеме дека и во иднина со задоволство ќе ги следиме вашите потреби за развој и унапредување на знаењето!
[…]

„Јуридика“ ве поканува на правно советување од областа на работните односи

Асоцијација за правно економски истражувања и едукација “ЈУРИДИКА” Ве поканува: да бидете дел од правното советување за актуелни прашања поврзани со работните односи на тема:   „ Работните односи – актуелни проблеми и решенија” Најважните, најпроблематичните и најактуелните прашања од работен однос во праксата   Панел дискусија со излагање на предавачите Интерактивна работилница во 4 Read more about „Јуридика“ ве поканува на правно советување од областа на работните односи[…]

Постапка за мирно решавање на индивидуален работен спор

Индивидуалниот работен спор, во македонскиот систем на мирно решавање на работни спорови се решава со арбитража. Иако обемот е стеснет и овој начин на решавање на индивидуалните спорови се однесува само за откажувањето на договорот за вработување и при не исплата на плата, сепак тоа не го намалува значењето на овој метод. Постапката за решавање Read more about Постапка за мирно решавање на индивидуален работен спор[…]