ФОРУМ НА ДОБРА ВОЛЈА – Слобода на верување/неверување како основно човеково право

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да ве известиме дека „Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација Јуридика“,организира ФОРУМ НА ДОБРА ВОЛЈА на тема: „Слобода на верување/неверување како основно човеково право“ – модерни социо – културолошки предизвици. Ова е првиот од форумите на добра волја кои „Јуридика“ планира да ги организира во текот на 2019 година.

На Форумот ќе се презентираат погледи и ставови на оваа тема кои се среќаваат во општеството од страна на панелистите, со простор за прашања од публиката. Форумот ќе го модерира проф. д-р. Лазар Јовевски – претседател на Јуридика. Форумот ќе се одржи на 17.01.2019 во Pubilc room (Јавна соба – ул.50 Дивизија, 22, Скопје, кај долниот излез на Клинички Центар) со почеток од 18:00 до 20:00.

Во таа смисла сакаме да ве поканиме да присуствувате на овој Форум, со што ќе дадете личен придонес кон јакнење на општествената свест и промоција на добрата воља во нашето општество.

Со оглед на тоа дека досега постои голема заинтересираност за форумот ве замолуваме вашето присуство да ни го пријавите на емаил: contact@juridica.mk или на фејсбук профилот: https://www.facebook.com/juridicamk/.

Za objava

Со почит,

Ваша Јуридика!

Leave a Reply