ЈУРИДИКА ОДДРЖА ПРАВНО СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА: „ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ДРУГИ ПРАШАЊА ОД РАБОТЕН ОДНОС“

Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, одржа правно советување од областа на трудовото право и работните односи.

На советувањето беа присутни судии, адвокати, професори и претставници на институции кои делуваат во областа на работните односи.

12

Учесниците ја имаа можноста да ги слушнат стручните излагања од врвни предавачи, да учествуваат во интерактивна дискусија, како и да разменат мислења за актуелни и проблематични прашања од областа на работните односи.
15
Како панелисти на правното советување беа присутни: Судија Хилда Мешкова, од основниот суд Скопје 2 Скопје; Судија Бојана Велковска, од основниот суд Скопје 2 Скопје; Амир Имери, државен инспектор за труд; и проф. д-р. Лазар Јовевски, професор на правниот факултет „Јустинијан Први“.

13
Преку излагањата и дискусијата во детали беа разработени неколку теми од областа на работните односи, меѓу која во моментот нај актуелната во ова поле: измените и дополнувањата на Законот за работните односи од јуни 2018 година. Исто така панелистите понудија знаења, експертски и стручни совети од праксата за: постапка за престанокот на работните односи низ призмата на новите законски измени, актуелни проблеми и дилеми во работните односи, меѓу кои отказниот рок, менаџерскиот договор, т.н. К-15, надомест на штета, и конкурентска клаузула, актуелни прашања и проблеми при постапување на трудовиот инспекторат, и други теми поврзани со работните односи, а на барање на присутните.

16
Настанот беше организиран преку панел дискусија со кратко излагање на предавачите на различни прашања во рамките на својата стручност и област. Преку основните теми на советувањето се разви дополнителна плодна дискусија меѓу учесниците и предавачите од која произлегоа вредни заклучоци кои значат можност за унапредување на праксата на спроведување и примена на законската регулатива во оваа област.

18

Исто така преку заедничка дискусија се разменуваа ставови и искуства, за практичните проблеми кои имаат за цел да ги придвижат трудово правните односи во насока на подобрување на законската регулатива како и нејзината примена низ судската пракса.
21

Со благодарност кон сите кои што беа присутни на обуката, Јуридика е тука за и во иднина со задоволство да ги следи вашите потреби, и да одговара на барањата за развој и унапредување на знаењето!

Ваша Јуридика!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *