Какви ефекти може да има изедначувањето на социјалната помош со минималната плата?

Ќе одбиваат ли граѓаните да се вклучат на пазарот на труд, бидејќи земаат социјална помош во висина слична на минималната плата?!

Ова прашање се отвори откако од 1јануари се зголеми износот на социјална помош, со што скоро и се изедначи со минималецот.

-Таков отпор е можен, вели универзитетскиот професор Лазар Јовевски.

Ја поздрави мерката на Владата за зголемување на социјалната помош, но вели дека напоредно со тоа – мора да расте и минималната плата, како и помошта за бизнисот.

Властите да не ги занемарат  бизнисмените, вели Јовевски. Да бидат во комуникација со нив за да може да се носат со овие промени.

Од први јануари – социјалата помош е зголемена три пати. Изнесува 11 700 денари со што скоро се изедначи со минималецот кој изнесува 12 илјади денари. Зголемувањето на социјалната помош беше предизборно ветување на владејачката партија.

Веста е преземана од Канал 5 ТВ

Leave a Reply