! НАЈАВА ! – ГОЛЕМА ЗАВРШНА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Почитувани,

Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, со огромно задоволство ви ја најавува ГОЛЕМАTA ЗАВРШНА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА од проектот „Колективни договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“.

Проектот е финансиран од Европска Унија, а е поддржан од Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР. Јуридика успешно работи на овој проект од Јануари 2019 година, а на оваа конференција со задоволство ќе ги споделиме резултатите, како и ќе се промовира анализа со предлог мерки кои се добиени од истражувањата, споделените мислења и искуства од страна на работниците и работодавачите, како и стручните лица од системот на Безбедност и здравје при работа, кои секојдневно се сретнуваат со проблемите на системот.
Како панелисти ќе бидат претставници од науката, синдикатите, работодавачите, МТСП, инспекторатот и стручните лица од областа.

Со желба за заедничко завршување на овој проект, како и идна инспирација и мотив да ја продолжиме работата за системот на безбедност и здравје при работа, како и негово имплементирање во колективните договори, ве покануваме да бидете дел од овој за нас многу важен настан. Воедно, ќе имаме можност дополнително да подискутираме и да ги споделете и вашите мислења и ставови околу овие прашања.

Место на оддржување: Хотел Александар II – Градски ѕид (спроти Палома Бјанка).

Дата на оддржување: 12.07.2019 година.

Време на оддржување: 09:00 – 13:00 часот.

Влез бесплатен, со претходна најава на маил: contact@juridica.mk, или на телефонски број: 078/758-405.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *