Национална работилница „Колективни договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“

 
 
Во рамките на проектот „Колективните договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“ на ден 11.06.2019 година, од страна на ЈУРИДИКА  – Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација беше оддржана национална работилница, која беше последната од предвидените работилници. Проектот е финансиран од страна на Европска Унија, а е поддржан од Македонско здружение за заштита при работа – МЗЗПР.  На оддржаната национална работилница панелисти – излагачи беа: Проф. д-р. Лазар Јовевски – Претседател на Јуридика и експерт од областа на Колективните договори и Безбедноста и здравјето при работа; Благоја Ралповски – Претстедател на Конфедерација на слободни синдикати; Горан Нешевски – претставник од Министерство за труд и социјална политика; и Иван Пешевски – Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП, членка на ССМ.
nastan
nastan4
 
На работилницата панелистите дискутираа и ги изложија своите ставови, мислења и искуства во однос на тоа дали се разбрани можностите и значењето на колективните договори во земјата, каква е улогата на истите во рамките на уредување на Безбедноста и здравјето при работа во македонскиот трудово – правен систем, како и околу тоа кои се добрите страни и слабостите на синдикатите во однос на употребата на колективните договори при уредувањето на системот на Безбедноста и здравјето при работа во земјата. Во дискусијата активно се вклучија и присутните со излагања на свои досегашни искуства околу колективните договори и имплементирање на мерките за Безбедност и здравје при работа.
nastan1
 
Јуридика веќе подолго време активно работи на полето на подобрување на системот на БЗР во земјата, а во рамките на споменатиот проект: „Колективни договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“, од месец Јануари 2019 година. Целта на овој проект е промовирање на стандардите на Безбедноста и здравјето при работа, и унапредување на правата на работниците, за безбедна и здрава работна средина преку Колективните договори, како и разбирање на потенцијалите кои ги нудат колективнито договори во однос на превенцијата на професионалните ризици на работното место. 
nASTAN2
 
Наскоро следува завршна Конференција на која ќе биде претставено целото наше залагање и работа во рамки на проектот, како и монографија во печатена форма која што ќе содржи анализа на состојбата на полето на Безбедност и здравје при работа, и нивно активно имплементирање и применување во Колективните договори.
nAStan3
 
Срдечно,
 
Ваша Јуридика!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *