Национална работилница во рамки на проектот „Колективни договори – клуч за успешен систем на безбедност и здравје при работа“

Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, со големо задоволство ја објавува националната работилница во рамки на проектот „Колективни договори – клуч за успешен систем на безбедност и здравје при работа“, финансиран од Европска Унија, и поддржан од Македонско здружение за заштита при работа – МЗЗПР.
Преку овој проект Јуридика активно работи на полето на безбедноста и здравјето при работа, и нивното имплементирање во колективните договори, а со тоа и активна имплементација на истите во работните односи. Целта е запознавање како на вработените, така и на работодавачите за можностите, правата и обврските кои ги обврзуваат на патот кон успешен систем на безбедност и здравје при работа.
На работилницата активно учество ќе земат излагачи – експерти од областа на Колективните договори, претставници од синдикати, како и претставник од Министерството за труд и социјална политика.

 

download (1)

 


Работилницата ќе се оддржи на 11.06.2019 година – вторник, во хотел Александар II.
Повеќе информации на тел: 078/758-405, или на електронска пошта: contact@juridica.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *