НОВИОТ ЗЕЛЕН ДОГОВОР НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Во 21 век, индустријализацијата, напредокот на технологијата, доведоа до зголемување на одредени трендови кои претставуваат големи глобални закани за планетата Земја. Загадувањето на воздухот, уништувањето на шумите, пренаселеноста, глобалното затоплување од фосилни горива, топењето на ледените капаци, се само некои од најголемите предизвици со кои се соочуваме во моментот.[ Истражувањата на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека околу 4,2 до 7 милиони луѓе умираат од загадување на воздухот ширум светот секоја година и дека 9 од 10 луѓе дишат воздух што содржи високо ниво на загадувачи. Во Африка, 258 000 луѓе умреле како резултат на загадувањето на воздухот во 2017 година, за разлика од 164 000 кои умреле во 1990 година, според УНИЦЕФ. Овој проблем е предизвикан главно од индустриски извори и моторни возила, како и емисии од согорувачка биомаса и слаб квалитет на воздухот како резултат на невремето од прашина.

Последнава година поради пандемијата на Ковид-19, вниманието е насочено на улогата назагадениот воздух во пренесувањето на молекулите на вирусот. Прелиминарните студии идентификуваа позитивна корелација помеѓу смртноста поврзана со Ковид-19 и загадувањето на воздухот, но постои и веродостојна асоцијација на честички што се пренесуваат преку воздухот и помагаат на ширењето на вирусот. Ова можеби придонесе за големиот биланс на жртви во Кина, каде квалитетот на воздухот е лош, иако мора да се направат повеќе дефинитивни студии пред да се донесе ваков заклучок.

Уништувањето на шумите

Секоја минута се сечат шуми со големина од 20 фудбалски игралишта. До 2030 година, планетата може да има само 10% од своите шуми; ако не се запре уништувањето на шумите, сите може да исчезнат за помалку од 100 години.

Трите земји кои доживуваат највисоки нивоа на уништување на шумите се Бразил, Демократска Република Конго и Индонезија, сепак Индонезија се справува со уништувањето на шумите, сега има најниски стапки од почетокот на векот.

Пренаселеноста

Човечката популација продолжува рапидно да расте низ целиот свет. Човештвото влезе во 20 век со 1,6 милијарди луѓе; сега, ние сме околу 7,5 милијарди. Проценките се дека популацијата ќе се зголеми  на скоро 10 милијарди до 2050 година. Растечкото глобално население, во комбинација со растечкото богатство, прави сè поголем притисок врз основните природни ресурси, како што е водата. Најголемиот дел од растот се случува на африканскиот континент и во јужна и источна Азија.

Глобалното затоплување од фосилни горива

Зголемените емисии на стакленички гасови предизвикаа пораст на температурите, кои пак предизвикуваат катастрофални настани низ целиот свет – токму оваа година Австралија доживеа една од најразорните сезони на пожари, забележана некогаш, скакулци преплавени низ делови на Африка, Блискиот исток и Азија , уништувајќи ги земјоделските култури. Научниците предупредуваат дека планетата преминала низ серија точки на превртување што може да имаат катастрофални последици: микропластика за прв пат се најде во мразот на Антарктикот, топлотен бран на Антарктикот што за прв пат забележа температури над 20 степени,  топењето на мразот во арктичките региони, топењето на мразот на Гренланд со невидена брзина…Сето ова само јапотенцира опасноста пред која се наоѓа планетата Земја и колку сме блиску до глобалното уништување.  Како одговор на ваквите неповолни глобални трендови, Европската Унија направи план познат како Новиот зелен договор (The New Green Deal).

Европскиот зелен договор е план кој овозможува да се направи економијата на ЕУ поодржлива. Целта е ова да се постигне  со претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и притоаваквата  транзиција да е  праведна и инклузивна за сите.

Што претставува  Новиот зелен договор на Европската  Унија?

Европскиот зелен договор нуди акциски план кој треба да ја зајакне ефикасната употреба на ресурсите со преминување во чиста, циркуларна економија, враќање на биодиверзитетот и намалување на загадувањето. ЕУ има за цел да постигне неутрално ниво во однос на климата до 2050 година. За да се обезбеди тоа потребни се измени во голем број на клучни сектори како инвестирање во еколошки технологии, поддршка на индустријата за иновации, искористување на почисти, поевтини и поздрави форми на приватен и јавен превоз, декарбонизирање на енергетскиот сектор, обезбедување енергетска ефикасност на објектите, соработка со меѓународни партнери за подобрување на глобалните еколошки стандарди.

Планот ги пропишува сите потребни инвестиции и достапни средства за финансирање. Зелената трансфорамација како таква претставува голем економски потфат кој реално би бил неостварлив за голем број земји и токму затоа една од важните цели на овој договор е да се обезбеди безбедна транзиција на посиромашните земји од високо загадувачки во еко- одржливи. Според голем број економисти, климатската криза е резултат на повеќе комбинирани неуспеси на пазарот. Економистите и екологистите со години ги повикуваат креаторите на политиките да ја зголемат цената на активностите што емитуваат стакленички гасови (еден од нашите најголеми еколошки проблеми), на пример преку воведување даноци на јаглерод со кои ќе се стимулираат иновации во ниско- јаглеродни технологии. Со цел намалување на емисиите доволно брзо и ефикасно, владите не само што треба да го зголемат финансирањето на зелените иновации, со што ќе се дојде до намалување на трошоците кои би ги имале субјектите за декарбонизација на процесите, туку потребно е и да  усвојат низа други политики кои ќе се однесуваат на секој друг неуспех на пазарот.

Во моментов посто национален данок на јаглерод во 25 земји во светот, вклучувајќи различни земји во ЕУ, Канада, Сингапур, Јапонија, Украина и Аргентина. Сепак, според извештајот за употреба на данок на енергија на ОЕЦД во 2019 година, сегашните даночни структури не се соодветно усогласени со профилот на загадување на изворите на енергија. На пример, ОЕЦД сугерира дека даноците за јаглерод не се доволно сурови за производството на јаглен, иако се покажа како доста ефикасен за електричната индустрија. Данокот на јаглерод е ефективно имплементиран во Шведска; данокот на јаглерод е 127 УСД по тон и ги намали емисиите за 25% од 1995 година, додека нејзината економија се зголемиза 75% во истиот временски период.

Зелениот договор претставува одлична иницијатива за започнување на процесот на еколошка трансформација. Овој договор ќе биде особено клучен во наредните години и ќе покрене една нова револуција, особено во делот на пазарот на трудот, новите работни места, и генерално „промена на парадигмата“ на индустријата во еко – индустрија.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *