Оддржана Национална Конференција – „Колективните договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“

Почитувани,

 

На 12.07.2019 година, Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“ оддржа национална Конференција во рамките на проектот „Колективните договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“, ко што е финансиран од Европска Унија, а е поддржан од Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР.

slika1

Целта на овој проект на кој што Јуридика активно работи веќе 7 месеци е ефективно имплементирање на одредби за безбедност и здравје при работа во сите склучени Колективни Договори во државата, и нивна конечна активна примена во работниот процес.

slika2

Во текот на овој проект Јуридика најпрво ги зајакна своите капацитети преку стручни обуки на своите членови, по што би можеле своите знаења да ги имплементираат кон спроведување на проектот. Потоа, тимот на Јуридика, заедно со истражувачот и експертот на проектот, ги анализираа сите Колективни Договори склучени на ниво на државата, од јавниот и приватниот сектор, во насока на тоа дали и колку содржат одредби за Безбедност и здравје при работа. Преку работилници и дискусии ги споделивме и слушнавме искуствата на социјалните партнери во врска со одредбите за Безбедност и здравје при работа, и колку истите се применливи во работниот процес, од страна на работниците и работодавачите, како и предизвици со кои се соочуваат на ова поле.

slika3

Со цел презентирање на добиените резултати од истражувањето, како и на другите активности во рамките на истиот, Јуридика како панелисти покани чинители од процесот на безбедност и здравје при работа, кои имаат долгогодишни искуства на полето на БЗР, кои и самите директно или индиректно беа вклучени во горенаведениот проект. Панелисти на оваа Конференција беа:

–          М-р. Владо Бангиевски, кој работеше на анализата на состојбите во колективното преговарање од аспект на БЗР со предлог мерките кои беа извлечени како заклучок и идни чекори.

–          Проф. Д-р. Лазар Јовевски – Претседател на Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, и експерт од полето на колективните договори и БЗР.

–          Претставници од Министерството за труд и социјална политика – Мирјанка Алексевска, и Горан Нешевски.

–          Претставници од Синдикатите – Иван Пешевски – ССМ, и Ангел Панов – КСС, кои како учесници во Колективните преговори ни ги предочија нивните предизвици на полето на Безбедност и здравје при работа.

–          Миле Бошков – претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.

–          Димитар Наумов – претставник од Организација на работодавачите на Македонија.

–          М-р. Милан Петковски – претседател на Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР.

–          Горан Поповски – претставник од трудовиот инспекторат.

slika4

На конференцијата беа присутни работодавачи, претставници на работниците преку синдикатите, инспектори, лица од науката, граѓанскиот сектор, адвокати, правници, студенти, итн. Низ дискусија беа отоврени и дискутирани голем број на актуелни прашања, проблеми и предизвици од областа на Безбедноста и здравјето при работа и Колективните Договори, со кои засегнатите лица секојдневно се соочуваат.

slika5

Заклучоците кои беа извлечени на Конференцијата во најголем дел веќе се содржани во изготвената Анализа на Јуридика, и истите од страна на Јуридика, ќе бидат поднесени до надлежните институции.

Силно веруваме дека само со заедничка координирана акција помеѓу социјалните пратнери, државата, инспекторатот, науката и граѓанскиот сектор ќе можеме да ја постигнеме целта, а тоа се работни места по мера на човекот, како дел од концептот на достоинствени работни места и достоинствен живот. Ние, тимот на Јуридика се надеваме дека со овој проект успеавме да дадеме дополнителн придонес кон оваа визија и да помогнеме за подобрување на работните услови, преку имплементирање и почитување на мерките за безбедност и здравје при работа, со ефикасно и применливо колективно преговарање.

Ваша Јуридика!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *