ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

„Работата преку објективот на БЗР‘‘
Драч – Албанија 30 Мај – 1 Јуни 2019

 

ХОТЕЛ-ФАФА-768x437

 

Превенцијата е клучен концепт во БЗР. Всушност, превенцијата на несреќи при работа и на професионални болести мора да биде главна цел на секој систем за управување со БЗР, многу повеќе отколку обидите да се решаваат проблемите откако тие ќе настанат. Овој принцип стекнува сè поголема важност бидејќи организациите многу брзо се менуваат (поради глобализацијата, намалување на обемот на работата, привремена работа, работа со скратено работно време, работата на подизведувачите, стареење на работната сила…), што повикува на динамичен пристап кон БЗР.

 

61821009_880511095628126_3384565603707650048_n
Ве повикуваме на V Меѓународна Конференција за регионална соработка во областа на безбедноста и здравјето при работа: „Работата преку објективот на БЗР“.
Конференцијата ги отвора своите врати за Балканот секоја година. Овој пат, во период од 30 мај до 01 јуни 2019 година, Албанија ја пречека глобалната превентивна заедница во Драч, Grand Blue Fafa Resort.

 

61837773_445195792718988_1179408842799185920_n
Меѓународната конференција за регионална соработка на граѓански организации е клучен настан на балканот за размена на информации и мислења од експерти за безбедност и здравје при работа, претставници на компании и вработени, носители на одлуки од владата и јавните власти, социјални партнери и секој кој е активен во областа на безбедноста и здравјето при работа.

 

61950201_2215586191823840_5677477784948047872_n

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *