По втор пат на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа симулација на судење од областа на работните односи и антидискриминација

20161129_122320

По втор пат на Правениот факултет “Јустинијан Први” се одржа СИМУЛАЦИЈА НА СУДЕЊЕ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА, во кое учествувaa студенти од правниот факултет “Јустинијан Први” под водство на проф. Лазар Јовевски и судии од Основен суд Скопје 2.
20161129_121722

На овој свечен ден се обрати В.Д. деканот Д-р Сашо Георгиевски, професорот Д-р Лазар Jовевски и претставник од ОБСЕ, Д-р Жанета Поповска.

„Треба да се нагласи дека овој настан придонесува и за јакнење на свеста во нашето општество против дискриминацијата во работните односи. Во таа насока, едукацијата е клучна во борбата против дискриминацијата“, вели доц. д-р Лазар Јовевски.

20161129_121620

Учесници на симулираното судење беа студентите Петар Митревски, Нинослав Нанков, Ѓорѓи Рајчиноски, Викторија Петровска, Симона Томчевска,  Марија Нешкоска,  Пепица Честојнова, Венета Ристовска, Василика Гроздановска, Ива Цветановска, Стевица Младеновски, Емилија Симовска, Наташа Мановска и Моника Степановска.

„Ова за нас како студенти е незаборавно и бесценето искуство затоа што да се биде дел од вакво судење подразбира да се направи оригинален спој помеѓу теоретското и практичното, и тоа токму преку соработката со професорите како теоретичари и со судиите и со адвокатите како практичари. Велат дека не може да постои теорија без пракса, ниту пак пракса без теорија и од тие причина ваквата теоретско-практична едукација уште од студентските клупи значи многу за нашиот иден развој како правници“, истакнуваат учесниците на симулираното судење.

20161129_122329-1
20161129_122530

Судиите Хилда Мешкова и Бојана Велковска велат дека студентите низ симулираниот судски процес покажале одлично познавање на проблематиката, проследено со аргументирано презентирање на фактите и тужбените наводи, реално отсликувајќи еден судски процес. Студентите, подвлекоа судиите, исто така беа и одлични оратори.

20161129_124531

Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ се вклучени во голем број активности кои ги има Катедрата по трудово право во однос на заштитата од дискриминација, особено во однос на работните односи. Станува збор за активности поддржани од ОБСЕ и од Правниот факултет, кои вклучуваат работилници, обуки, дебати и трибина, посета на други државни установи и универзитети, летна школа, како и учество во симулирано судење кое се одржа денес.

20161129_124441

Leave a Reply