Повици за фокус групи

Повик бр. 1

Почитувани,

Здружението на граѓани Центар за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје, во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA од Унгарија, започна со имплементација на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда”. Проектот е финансиран од Европската Унија преку грантовата шема од ЦФСД при Министерството за финансии – „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз ефективните реформи во правниот сектор” EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, број на договор 12-6208/1. Главна цел на проектот е да придонесе кон креирање на независно, непристрасно, ефективно, квалитетно и транспарентно судство, одговорно за заштита на индивидуалните права и слободи на граѓаните, притоа овозможувајќи и заштита на јавниот интерес. Во рамките на проектот се предвидени активности преку кои ќе се направи проценка на потребите на организациите и институциите, кои се клучни чинители во областа на пристап до еколошка правда. Притоа, предвидена е организација на фокус групи, кои ќе бидат предмет на анализа на потреби со цел добивање прагматични заклучоци и препораки, за понатамошно остварување на целите на проектот. Проектниот тим Ве поканува да бидете дел од Фокус група број 1, на 18.04.2019, четврток, во 11:00 часот во проектните простории на ЦЕД ФЛОРОЗОН на ул. Востаничка 2/7. Времетраењето на состанокот на фокус групата ќе биде најмногу два часа. Дополнително, патните трошоци ќе бидат покриени во висина на цената на повратен автобуски билет.

Ве молиме потврдете го Вашето учество на project@florozon.org.mk најдоцна до 17.04.2019, среда.

 

Повик бр.2

Почитувани,

Здружението на граѓани Центар за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје, во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA од Унгарија, започна со имплементација на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда”. Проектот е финансиран од Европската Унија преку грантовата шема од ЦФСД при Министерството за финансии – „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз ефективните реформи во правниот сектор” EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, број на договор 12-6208/1. Главна цел на проектот е да придонесе кон креирање на независно, непристрасно, ефективно, квалитетно и транспарентно судство, одговорно за заштита на индивидуалните права и слободи на граѓаните, притоа овозможувајќи и заштита на јавниот интерес. Во рамките на проектот се предвидени активности преку кои ќе се направи проценка на потребите на организациите и институциите, кои се клучни чинители во областа на пристап до еколошка правда. Притоа, предвидена е организација на фокус групи, кои ќе бидат предмет на анализа на потреби со цел добивање прагматични заклучоци и препораки, за понатамошно остварување на целите на проектот. Проектниот тим Ве поканува да пријавите најмногу двајца претставници од вашата институција/организација да бидат дел од Фокус група број 2, на 19.04.2019, петок во 11:00 часот во проектните простори на ЦЕД ФЛОРОЗОН на ул. Востаничка 2/7. Времетраењето на состанокот на фокус групата ќе биде најмногу два часа. Дополнително, патните трошоци ќе бидат покриени во висина на цената на повратен автобуски билет.

Ве молиме потврдете го Вашето учество на project@florozon.org.mk најдоцна до 17.04.2019, среда.

 

Со почит,

Ваша Јуридика!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *