Примена на нови дигитални технологии за унапредување во работата на граѓанските организации

“Примена на нови дигитални технологии за унапредување во работата на граѓанските организации” е насловот на обуката која Јуридика ја реализираше оваа недела а со цел зајакнување на капацитетите на граѓански организации имплементатори на проектот “Успешни во единство”.

21742133_1443422015693420_1252709385_o (1)

Обуката е дел од активностите на проектот “Успешни во единство”, кој е една од десетте поддржани акции преку грантовата шема преку проектот “Заедно за успех”, а учество земаа неколку граѓански организации субгрантисти на истата.

21742047_1443422022360086_935870455_o (1)

Целта на едукацијата беше да се обезбеди информации и подршка на граѓанските организации во реализација нивни промотивни кампањи на масовните социјални мрежи.

21745027_1443422029026752_87814482_o

Во рамки на сесиите се разработија теми како што е рекламирање на Facebook, опциите за избирање на релевантен таргет и публика, како и основните типови на Facebook реклами, и Facebook премиум реклами.

Предавач на обуката беше Владимир Ристевски, експерт од специјализираната компанија за е-маркетинг “Пиксел”

Leave a Reply