

ОБУКИ
ТРЕНИНГ ПРОГРАМИ ДИЗАЈНИРАНИ СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ ЗА КОМПАНИСКИ РАЗВОЈ И РЕШАВАЊЕ НА ПРАВНО-ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАБОТЕЊЕТО!
Тренинг – обуки кои обезбедуваат засилување на перформансот на Вашата организација и Вашиот тим на вработени преку усвојување и примена на практични алатки за усвојување на вештини и практики на успех.
Повеќе
Напредни модули за обучување во примената на актуелното законодавство во областа на работните односи, безбедност и заштита при работа, трговското право и регулацијата на секој аспект од работењето на компаниите, колективно договарање облигационото право и склучување на договори, стечај и ликвидација, сопственост.
Повеќе
Тренинг – обуки насочени кои утврдување на вештини и разработка на алатки за систематско утврдување, оценување, управување и контрола на ризичните настани и состојби кои може да имаат негативни ефекти во постигнувањето на целите на организацијата.
Повеќе
Курсеви и обуки кои на компаниите им овозможуваат практичен пристап на најширокиот пазар на делување, преку знаење за дигиталниот маркетинг, facebook бизнис - платформата, е - трговија, SEO (search, engine optimisation)
Повеќе
КОИ СМЕ НИЕ?
ЈУРИДИКА e Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација со седиште во Скопје, која активно работи повеќе од 10 години во областите на промоција и практична примена на добрите деловни практики, развивање на стимулативна - бизнис ориентирана правна регулатива, вонсусдко решавање на споровите, со акцент на мирно решавање на спорови и медијација. Нашиот тим поседува големо искуство во организација на обуки за развој на професионалните капацитети на менаџерите и вработените, како и стручност во спроведувањето истражувања и правна анализа на влијанието на законската регулатива врз развојот на компаниите. Активностите на Јуридика се фокусирани на анализи, истражувања, обуки и едукација за работодавачи и работници, синдикални организации, како и директно учество во креирањето на законската рамка во Република Македонија. Уредувањето и унапредувањето на правниот ситем воопшто, а особено судскиот систем, економските реформи и создавањето одржливо деловно опкружување, реформа на социјалното и трудовото право, колективното преговарање и договарање, како и развојот на трипартитниот систем како култура на решавање на општествените проблеми и предизвици, значително ќе придонесе за приближување на земјата кон европските стандарди во областите на трудовото, деловното, и социјалното право во кои особено делуваме како асоцијација за правно-економски истражувања и едукација. Повикани да работиме за општото добро чувствуваме одговорност да помогнеме во унапредување на бизнис климата во земјата, изградба и јакнење на довербата кон институциите, развој на социјалниот дијалог, нова деловна свест и обезбедување на достоинствен живот на секој граѓанин во Македонија.
НОВОСТИ
ЈУРИДИКА ПЛАНЕРИ
Ковид -19 ги пресели повеќето работни места од канцеларија во домот на работниците. Да, на почетокот на пандемијата оваа можност […]
ДАЛИ ПЕНЗИИТЕ СЕ ПОД РИЗИК КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПАНДЕМИЈАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОВИД 19?
Пандемијата од новиот коронавирус Ковид-19 несомнено доведе до големи потешкотии во многу области, менувајќи го текот на животот во многу […]
КОЈ ГУБИ, А КОЈ ДОБИВА ВО ПАНДЕМИЈАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОВИД-19?
Краток економско-социјален осврт на моменталната ситуација Пандемијата предизвикана од ширењето на новиот коронавирус Ковид-19 силно ги погоди светските економии, одземајќи […]
НАШИ ПАРТНЕРИ





КОНТАКТ
ЈУРИДИКА e Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација
Телефон: +389 78 758 405
Скопје, Македонија
Е-пошта: contact@juridica.mk
Испратете ни порака.