Ковид -19 ги пресели повеќето работни места од канцеларија во домот на работниците. Да, на почетокот на пандемијата оваа можност беше леснувачка, сите ја прифативме, очекувајќи дека за месец-два ова ќе помине. Денес, речиси една година подоцна, „новата реалност“ која не принуди да работиме од дома ја гледаме поинаку, соочени со предизвиците кои одеа под рака со работењето од удопството на нашата дневна соба. Всушност, дневната соба ни стана толку неудобна, што почнавме да бараме алтернативи и начини како да го „преживееме“ овој период, кој од денешна перспектива не знаеме до кога навистина ќе трае.
Тимот на Јуридика во обид (но и со желба) да ги поддржи сите оние кои работат од дома, особено родителите кои истовремено се грижат и за малолетни деца додека рабтат од дома, но и воопшто сите работници кои работат од дома, имаат потреба од поддршка во постигнувањето баланс омеѓу личниот и професионалниот живот, ви подготви алатки за рационално планирање на времето. Бесплатни се и можете бесплатно да ги симнете од нашата веб страница на следниот линк: https://bit.ly/3jO1Br7
Можеби веднаш имате отпор кон планирањето, помисливте „Немам време јас за тоа“, но ајде да се обидеме заедно да планираме времето? Ќе се изненадите од подобрената продуктивност и квалитетното слободно време кои ќе ги добиете со планирање на обврските и слободните активности однапред.