Автор: Проф. д-р Лазар Јовевски
Безбедноста и здравјето при работа претставува подрачје
која во себе опфаќа повеќе дисциплини и гранки. Овде
спаѓаат медицината, техниката, психологијата,
андрагогијата, организацијата и сл. Во овие дисциплини се
предвидени бројни прописи кои што се однесуваат на
одделни дејности и процеси кои ги опфаќа трудовото
право. Безбедноста и здравјето при работа, како и
заштитата на истото при работа и работните процеси, се
збир на мерки, стандарди и нормативи, кои се пропишани
со цел создавање на безбедни услови за работа.
Oваа област е уставнo загарантирана категорија која е
предвидена во член 32 од Уставот на Република Северна
Македонија: „Секој има право на работа, слободен избор
на вработување, заштита при работењето и материјална
обезбеденост за време на привремена невработеност.
Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно
место. Секој вработен има право на соодветна
заработувачка. Секој вработен има право на платен
дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права
вработените не можат да се откажат. Остварувањето на
правата на вработените и нивната положба се уредуваат
со закон и со колективни договори.“ Покрај тоа што
безбедноста и заштита на здравје при работа е уставна
категорија во нашето право таа е регулирана и во со
посебен закон односно Законот за заштита на здравјето и
безбедност при работа, како и со конвенцијата број 155 од
МОТ како и во акти и конвенции на Европската унија.
Во оваа анализа детално ги разработивме сите акти и
конвенции кои нашата држава ги има имплеметирано во
нашиот правен систем за заштита и безбедноста на
здравјето при работа, и притоа направивме посебен осврт
на колективните договори и колку во нив се е разработен
систем на безбедност и здравје при работа и какви
решенија се предвивуваат во различните гранки за
заштита на здравјето и безбедноста при работа. Преку
претходни анализи за колективните договори и
соджинскиот опфат на системот на Безбедноста и
здравјето при работа, односно на нивна применлиа
имплементација во истите, имавме можност да собереме
податоци, информации, мислења, како и споделени
искуства од секојдневната пракса. Анализата ги содржи
статистичките податоци за последната година, споредено
со 2017 година, а за повредите на работното место,
професионалните болести, смртните случаи. Врз основа на
оваа сеопфатна анализа ние предлагаме конкретни мерки
преку кои имаме намера да се подобри генералната
состојбата, како и конкретната, со безбедноста и здравјето
при работа односно правни решенија и решенија за нивна
поголема имлементација.