Автор: Проф. д-р Лазар Јовевски

Влијанието на принципот на слободно движење во рамки на Заедницата
врз развојот на трудовото законодавство на Европската Унија
Слободата на движење на работници и слободата на движење на услуги
Слободата на движење на работници е политичко поглавје од acquis
communautaire на Европската унија. Таа е дел од слободното движење на луѓе
и една од четирите економски слободи: слободно движење на стоки, услуги,
работна сила и капитал.
Слободното движење на луѓе е една од основните слободи
загарантирани со правото на Заедницата. Тоа е можеби најзначајното право и
суштински елемент на европското државјанство.
За работниците оваа слобода постои од основањето на Европската
заедница во 1957 година. Таа е утврдена во член 45 од Договорот од Рим и
вклучува:
• право да бара работа во друга земја-членка;
• право да работи во друга земја-членка;
• право да живее таму за таа цел;
• право да остане таму;
• право на еднаков третман во однос на пристапот до вработување, услови за
работа и сите други предности што би можеле да помогнат да се олесни
интеграцијата на работникот во земјата-членка домаќин.
Од почетокот на Европската економска заедница, слободното движење на
работниците ја истакнуваше разликата помеѓу трудовото законодавство во
Заедницата и националните закони за работни односи на земјите-членки, како и
од меѓународните стандарди за труд. Во раните фази на развој на Заедницата,
стандардите за заштитата на работниците и индустриските односи, не беа
примарна грижа на Европската Заедница, целејќи кон слободно движење на
работници, но дури подоцна во ЕУ. Како примарната цел на Заедницата,
воспоставување на слободно движење на работници на пазарот на труд, долго
време беше доминантна карактеристика на ЕУ регулативата за вработување и
индустриски односи.

ПУБЛИКАЦИЈА- publication pdf