Со задоволство Ви го најавуваме настанот на неделата во организација на “Јуридика” а во соработка со Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ и Бизнис Конфедерација на Македонија!

Трибина на тема:

Колку платите и потрошувачката се фактор на економски развој во Република Македонија?”

Панелисти:

г-ин Миле Бошков – Бизнис Конфедерација на Македонија,

проф. д-р Предраг Трпески – Економски факултет УКИМ,

доц. д-р Лазар Јовевски – Правен факултет УКИМ,

проф. д-р Светлана Петровска – Американ Колеџ.

Излагачите – панелисти кои се дел од стручната јавност со свои излагања ќе дадат свој придонес во поттик и отварање на прашања значајни за Вашите организации и нивниот развој. Во вториот дел од настанот ќе имате можност да се вклучите со Ваши прашања до панелистите, лични ставови и заклучоци.

Настанот ќе се одржи во свечената сала на Правниот факултет Јустинијан Први, на ден 16.12. 2016 година (петок), со почеток од 11 часот.

Ве очекуваме!

“Јуридика” – Ваш партнер во право!

plakat-pokana-za-tribina