Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, одржа правно советување од областа на трудовото право и работните односи.

На советувањето учествуваа судии, адвокати, професори и претставници на институции кои делуваат во областа на работните односи.
Учесниците ја имаа можноста да ги слушнат стручните излагања од врвни предавачи, да учествуваат во интерактивна дискусија, како и да разменат мислења за актуелни и проблематични прашања од областа на работните односи. Како предавачи на правното советување учествуваа: Судија Хилда Мешкова, Судија м-р Бојана Велковска, Злате Стојановски, и проф. д-р. Лазар Јовевски.

Преку излагањата и дискусијата во детали беа разработени неколку теми од областа на работните односи, меѓу кои: конкурентската клаузула, надоместот на штета во работните односи, инспекцискиот надзор во работните односи, постапката за отказ на договор за вработување кај работодавачот, како и други теми кои произлегоа од овие прашања.
Настанот беше организиран преку панел дискусија со кратко излагање на предавачите на различни прашања во рамките на својата стручност и област. Преку основните теми на советувањето се разви дополнителна плодна дискусија меѓу учесниците и предавачите од која произлегоа вредни заклучоци кои значат можност за унапредување на праксата на спроведување и примена на законската регулатива во оваа област.

Исто така преку заедничка дискусија се разменуваа ставови и искуства, за практичните проблеми кои имаат за цел да ги придвижат трудово правните односи во насока на подобрување на законската регулатива како и нејзината примена низ судската пракса.
Со благодарност кон сите кои што беа присутни на обуката можеме да кажеме дека и во иднина со задоволство ќе ги следиме вашите потреби за развој и унапредување на знаењето!
Ваша Јуридика!

