Почитувани,
Македонското здружение за заштита при работа и Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, ви нуди можност да бидете дел од уникатна специјализирана обука на тема: „Потреба за законски измени или нов закон за безбедност и здравје при работа“, на која што на тркалезна маса, детално ќе бидат разгледувани сите проблеми од досегашното имплементирање на Законот за безбедност и здравје при работа, предлози и идеи.
Имајќи ги предвид основните постулати за градење на достоинствени работни услови, и работа по мера на човекот, со почит пред се на човековите права на секој вработен предвидени со Уставот, како и Уставниот основ за донесување на Законот за безбедност и здравје при работа, според кој секој вработен има право на заштита при работењето, ова е единствена можност на учесниците да се воочат проблемите при почитување на овие загарантирани права, и да се влијае на новите законски решенија.
Работилницата ќе се одржи во период од 11 до 13 јули 2018 година, во хотел Аквалина, Охрид.
Проблемите кои ќе бидат теми за работење, дадените идеи, и предлози, по завршувањето на оваа работилница, преку заклучок ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија. Работилницата ќе биде предводена од Проф. Д-р. Лазар Јовевски, од Правниот Факултет „Јустинијан Први“, во Скопје, кој во својата кариера активно работи и придонесува во областа на трудот, и системот на безбедност и здравје при работа во Република Македонија. Покрај професор Јовевски, учество како излагачи на работилницата ќе имаат и еминентни инспектори и практичари од кои работат на полето од областа на безбедноста и здравјето при работа.
На работилницата ќе бидат промовирани Студијата за безбедност и здравје при работа, работните услови, имплементација на ЕУ директивата (89/391/ЕЕС), и Водичот за вклучување на Граѓанските организации во креирањето на политики во Република Македонија.
Според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 30 бода за пасивно учество на истиот, за секој присутен учесник на обуката.
Во прилог повеќе информации за работилницата, агенда, цена, и број за пријавување.
