На советувањето беа присутни судии, адвокати, професори и претставници на институции кои делуваат во областа на работните односи.



Преку излагањата и дискусијата во детали беа разработени неколку теми од областа на работните односи, меѓу која во моментот нај актуелната во ова поле: измените и дополнувањата на Законот за работните односи од јуни 2018 година. Исто така панелистите понудија знаења, експертски и стручни совети од праксата за: постапка за престанокот на работните односи низ призмата на новите законски измени, актуелни проблеми и дилеми во работните односи, меѓу кои отказниот рок, менаџерскиот договор, т.н. К-15, надомест на штета, и конкурентска клаузула, актуелни прашања и проблеми при постапување на трудовиот инспекторат, и други теми поврзани со работните односи, а на барање на присутните.

Настанот беше организиран преку панел дискусија со кратко излагање на предавачите на различни прашања во рамките на својата стручност и област. Преку основните теми на советувањето се разви дополнителна плодна дискусија меѓу учесниците и предавачите од која произлегоа вредни заклучоци кои значат можност за унапредување на праксата на спроведување и примена на законската регулатива во оваа област.


Со благодарност кон сите кои што беа присутни на обуката, Јуридика е тука за и во иднина со задоволство да ги следи вашите потреби, и да одговара на барањата за развој и унапредување на знаењето!
Ваша Јуридика!
