“Јуридика” учествуваше на Форумот по повод одбележување на Меѓународниот ден на безбедност и здравје при работа – 28 април, на тема: „ Подобрување на собирањето и користењето на податоците во безбедност и здравје при работа ” подржан од Националниот совет за безбедност и здравје при работа на РМ и Меѓународната организација на трудот (ILO).
Во рамки на настанот се одржа промоција на книгата – учебник на доцент професор Д-р Лазар Јовевски, „Системот на Заштита на Здравјето и Безбедноста при Работа и Заштитата ratione personae – правни аспекти“.
Книгата може да ја најдете во книжарата при Правниот факултет “Јустинијан Први” и во канцеларијата на “Јуридика”!
Подетални информации на тел. 078 455 270.
Здравата и безбедната работна средина и безбедното работно место останува во нашиот фокус на делување и работа!