Во рамки на проектот: „Колективните договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“, финансиран од ЕУ, Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, оддржа работилница за Јакнење на капацитетите на работодавачите преку имплементирање на системот на БЗР во колективните договори.
60141855_2211151865636321_4069835675963228160_n
На работилницата панелисти – излагачи беа проф. д-р. Лазар Јовевски, како експерт од колективното договарање и безбедноста и здравјето при работа, Ангел Димитров – Претседател на Организација на работодавачите на Македонија, м-р. Милан Петковски – претседател на Македонското здружение за заштита при работа, Миле Бошков – Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија. Модератор на настанот беше Пепица Честојнова – дел од тимот на Јуридика, и проектен менаџер на гореспоменатиот проект.
60259086_2014355152006469_8347026523231879168_n
Гости на работилницата беа работодавачи, како и студенти, кои своите претходно стекнатите знаења и капацитети, ги пренесоа низ дискусија со панелистите.
60312688_2483853488333354_8873802483969818624_n
На работилницата се дискутираше на неколку суштински прашања како панел рамка за панелистите – излагачи, но исто така и со просторот за дискусија и заклучоци се отворија и други теми, поенти и заклучоци за системот на Безбедноста и здравјето при работа низ призма на негова примена преку колективните договори.
60344574_1144922035690617_3673117943492771840_n
Бидете во тек со објавите на Јуридика за сите настани кои ќе ги преземаме во иднина!