Во рамките на проектот „Колективните договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“ на ден 11.06.2019 година, од страна на ЈУРИДИКА – Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација беше оддржана национална работилница, која беше последната од предвидените работилници. Проектот е финансиран од страна на Европска Унија, а е поддржан од Македонско здружение за заштита при работа – МЗЗПР. На оддржаната национална работилница панелисти – излагачи беа: Проф. д-р. Лазар Јовевски – Претседател на Јуридика и експерт од областа на Колективните договори и Безбедноста и здравјето при работа; Благоја Ралповски – Претстедател на Конфедерација на слободни синдикати; Горан Нешевски – претставник од Министерство за труд и социјална политика; и Иван Пешевски – Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП, членка на ССМ.
На работилницата панелистите дискутираа и ги изложија своите ставови, мислења и искуства во однос на тоа дали се разбрани можностите и значењето на колективните договори во земјата, каква е улогата на истите во рамките на уредување на Безбедноста и здравјето при работа во македонскиот трудово – правен систем, како и околу тоа кои се добрите страни и слабостите на синдикатите во однос на употребата на колективните договори при уредувањето на системот на Безбедноста и здравјето при работа во земјата. Во дискусијата активно се вклучија и присутните со излагања на свои досегашни искуства околу колективните договори и имплементирање на мерките за Безбедност и здравје при работа.
Јуридика веќе подолго време активно работи на полето на подобрување на системот на БЗР во земјата, а во рамките на споменатиот проект: „Колективни договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“, од месец Јануари 2019 година. Целта на овој проект е промовирање на стандардите на Безбедноста и здравјето при работа, и унапредување на правата на работниците, за безбедна и здрава работна средина преку Колективните договори, како и разбирање на потенцијалите кои ги нудат колективнито договори во однос на превенцијата на професионалните ризици на работното место.
Наскоро следува завршна Конференција на која ќе биде претставено целото наше залагање и работа во рамки на проектот, како и монографија во печатена форма која што ќе содржи анализа на состојбата на полето на Безбедност и здравје при работа, и нивно активно имплементирање и применување во Колективните договори.
Срдечно,
Ваша Јуридика!