Отворен ден за вмрежување на младите претприемачи, во Бизнис Конфедерацијата на Македонија, настан кој стави печат на проектот “Успешни во единство”. Настанот беше организиран на начин што млади претприемачи – учесници на проектот остварија средби со претставник на Бизнис Конфедерацијата на Македонија и Здружението на бизнис жени. Состаноците имаа за цел учесниците да се запознаат со начинот на работа и делување на овие организации а со цел да се запознаат со предностите и придобивките од организираното застапување и делување во бизнис окружувањето и пред националните институции. Во текот на настанот учесниците исто така имаа можност да се запознаат со успешни бизнисмени, кои ја споделија својата успешна приказна, како и да остварат меѓусебна комуникација а со цел идна соработка.
Во рамки на проектот “Успешни во единство” беше изготвена и “Студија за поддршка на организираното застапување на младите претприемачи на локално и национално ниво”, а како резултат на спроведеното истражување, реализирано во три општини во Скопје: Ѓорче Петров, Бутел, и Гази Баба.
Дека настанот беше успешен потврди и интересот за вклучување во отворента дискусија за можностите на младите за претприемништво и развој на нови бизниси во нашето општество.