27.10.2016 година
Обука: “Решавање на работно-правни прашања и успешни деловни (бизнис) практики” во организација на Асоцијација на правно-економски истражувања и едукација “Јуридика” и Бизнис конфедерација на Македонија.

Три работни сесии моделирани како интерактивни средби со експерти од теоријата и практиката обезбедија можност за осознавање и учење на нови трендови и практична примена на законодавството во областа на работните односи.
Модератор на настанот беше доцент професор д-р Лазар Јовевски, кој како предавач и домаќин на судија Бојана Велковска и судија Хилда Мешкова од Основен суд Скопје 1- Скопје, го отворија настанот на темата: “Спор од работен однос – водење на постапка кај работодавачот и судската постапка”.

Аспектите за развој на продуктивноста на вработениот беа разгледувани во втората работна сесија, од претставникот на тимот на Јуридика, м-р Звезда Тодоровска, правен консултатн за компаниски развој.


За актуелните мерки за вработување говореа претставници на Агенцијата за вработување на РМ, и тоа Весна Пешова, раководител на Сектор за правни и административни работи, Менка Гугулевска, раководител на Сектор за активни мерки и услуги за вработување и Фросина Велковска, раководител на Одделение за нормативни и правно-административни работи.

До следната обука Ви посакуваме успешна работа!
