Согласно европските стандарди и практики во промоција на работничките права и развој на социјален дијалог, Асоцијацијата за правно економски истражувања и едукација “Јуридика” во рамки на својата програмата за унапредување на социјалниот дијалог, спроведе обука наменета за Синдикалната организација при АД ТЕЦ – Неготино.
Имајќи за цел унапредување на правата на работникот, како и градење на капацитети за личен развој и развој на продуктивноста на компанијата, како и подигнување на свеста за соработка и заедничко делување, тема на обуката беше “Синдикално организирање, синдикални права и колективно договарање”.
На обуката активно учество земаа 25 членови на синдикатот, заедно со нивниот претседател. За време на двете работни сесии беа разработени теми за: улогата на вработениот во трудот, потребата од синдикално организирање, основни синдикални активности, улогата на синдикалните претставници во унапредување и зајакнување на синдикалното делување, синдикален менаџмент. Учесниците работеа во групи и земаа активно учество во обуката. Во рамки на сесиите беа отворени прашања за дискусија од кои произлегоа заклучоци кои се на линија на поттик кон соработка, партнерство и дијалог меѓу работниците и работодавачот.
Предавачи на обуката беа: Доц. Д-р Лазар Јовевски и М-р Звезда Тодоровска.
Гостин на обуката беше претседателот на гранковиот синдикат на енергетика, рударство и индустрија, г-дин Диме Димчев.
Ви посакуваме успешна работа!