Следејќи ја својата мисија Асоцијацијата “Јуридика” дејствува на остварување на визијата да даде свој придонес во унапредување на бизнис климата во земјата и обезбедување на достоинствен живот на секој граѓанин во Македонија. Имајќи ги во предвид актуелните измени во законодавството, како и потребите на бизнис секторот и државната администрација, тимот на “Јуридика” подготви и спроведе правно советување на тема: “Работни односи и постапката на извршување во работните односи согласно новиот Закон за извршување” со акцент на прашања важни за секојдневното работење и функционирање на компаниите, институциите и другите организациони форми.

Имено, на обуката беа присутни учесници од сите општествени сектори, и тоа: од правосудството, адвокати, претставници од канцеларии на извршители, производни и услужни компании, претставници на синдикални организации на работниците и на организациите на работодавачите, државни органи, како министерства, органи во нивен состав, агенции, управи и јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, претставници на високо образовни институции, претставници на локалната самоуправа, како и на граѓанскиот сектор, студенти и невработени лица.

11

Теми на работните сесии на обуката беа:

  1. Како да дадеш отказ и спроведеш постапка на законит отказ?
  2. Постапка на враќање на работник по судска пресуда при незаконит отказ!
  3. Спроведување на постапка за дисциплинска неуредност и дисциплински престап на административните службеници!
  4. Извршување во работни односи по повод не исплаќање на придонеси од плата и извршување во други случаи!

6Работните односи во себе го содржат егзистенционалниот аспект на човекот и оттаму важноста да бидат разгледувани во конкретни случаи кои можат да бидат различни. Особено важни, работните односи стануваат во случај на отказ па се отвара прашањето за законит или незаконит отказ.

Токму ова беа прашањата кои во детали беа разработени од судиите Бојана Велковска и Хилда Мешкова како предавачи на обуката. При тоа беа разгледувани конкретни ситуации и начинот како да се спроведе постапка на законит отказ, како и модалитетите на враќање на работник на работа при пресуда за незаконит отказ.

2

3

Беше потенцирано дека кога даваме отказ на работник особено треба да се внимава на постапката, а истовремено да се биде применет и принципот на праведност. “Најголемата казна за работникот е токму отказот, бидејќи се работи за егзистенција и со истиот работникот како индивидуа го оставате на маргините на општеството.”, подвлече судија Хилда Мешкова.

4

На полето на работните односи, едно од прашањата за кои се отвори стручна дебата, а излагање имаше професорот Д-р Лазар Јовевски, беше и дисциплинската постапка во јавниот сектор. Меѓу останатите прашања регулирани со Законот за административни службеници, се дискутираше за дисциплински мерки – прераспределба на пониско работно место. Се опфатија голем број на конкретни практични проблематични ситуации, како и начинот за нивно надминување, односно решавање. Од аспект на судската пракса се потенцираше колку лесно се врши повреда на правата на работникот преку прераспоредување на многу ниски работни места наместо на работно место непосредно пониско од актуелното кога е извршен дисциплинскиот престап.

5

7

9

1

Професорот Јовевски меѓу другото истакна дека созреани се условите за донесување на нов Закон за работни односи. Во постојниот има одредени одредби кои системски веќе се „прегазени“ од времето. Заклучокот кој произлезе при крајот на стручната дискусија се движи во насока на фактот дека во јавниот сектор како и во стопанството мора да се почитува словото на законот. 10

8

Во последната тема од правното советување Извршител Антонио Коштанов ги издвои аспектите на Извршување во работни односи. Имено, Извршителот ги посочи облиците на извршување при неисплаќање на придонеси од плата, како и извршување во други случаи. Особено истакна дека од 2009 година со стапување на сила на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се појави и проблемот со исплаќање на придонеси од плата, споделувајќи своето искуство во оваа сфера на делување. Исто така извршителот ги посочи проблематичните аспекти на новиот Закон за извршување, како и предизвиците кои престојат допрва при неговата примена.

12

 

Веруваме дека оваа средба ќе биде плодоносна за секој од присутните, а воспоставената соработка меѓу учесниците и Асоцијацијата “Јуридика” продолжува и се развива на дневно ниво со целосна подршка во спроведување на законските постапки поврзани со работните односи,

До нашата следна средба Ви посакуваме успешна работа!