Асоцијацијата “Јуридика” и Европската развојна агенција успешно реализираа 2-дневна обука (13 и 14 март) за подготовка на проектна апликација за програмата ЕРАСМУС + КА 2: Соработка за иновација и размена на добри практики.


Вкупно 20 учесници од различни организации, институции и компании, се стекнаа со знаење и вештини за планирање и раководење на проекти, како и за подготовката на организацијата за истото (ПАДОР, PIC регистрација, барање партнери и сл.).


За време на работните сесии учесниците работеа на развивање на идеја за проект во рамки на приоритетите од ЕРАСМУС + КА2 што е основа за спроведување на менторската фаза која започна денес. Имено кандидатите ќе бидат целосно подржани и менторирани од страна на експертите во подготовката на финална апликација која треба да биде поднесена до 29 март 2017 година.
Предавачи – ментори беа експерти со повеќе годишно искуство: Наташа Амдију и Гордана Несторовска од Европската развојна агенција, меѓународна компанија за менаџмент консалтинг.


Ви посакуваме креативна мисла и успешна апликација!
Тимот на “Јуридика”
