Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика“ – Скопје во копартнерство со Центар за ромска заедница „ДРОМ“ – Куманово, во заеднички проект ќе работат со цел да се придонесе кон развојот на локалното младинско претприемништво преку јакнење и унапредување на меѓуетничката соработка и заедничкото застапување на младите претприемачи од немнозинските етнички групи.
http://www.yes-network.org/vest-statija/45682/dodeleni-deset-grantovi-preku-povikot-za-finansiranje-na-gragjanskite-organizacii-vo-ramki-na-proektot-zaedno-za-uspeh
Главната цел на проектот е да се придонесе кон градење на свеста на младите претприемачи за потребата од групно застапување на нивните ставови и барања пред креаторите на политики на локално и национално ниво. Главни активности на проектот се спроведување анализа на поддршката која младите претприемачи ја добиваат на локално ниво во Општините Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров, изготвување студија за организирано застапување на младите претприемачи, организирање настани за вмрежување со бизнис секторот како и изготвување на програма за следење и менторирање на млади во процесот на застапување.
