Асоцијацијата за правно економски истражувања и едукација Јуридика во рамки на својата програмата за унапредување на социјалниот дијалог, спроведе обука наменета за Синдикалната организација при АД ХЕЦ – Кавадарци.

20170323_104520-01

Тема на обуката беше Синдикално организирање, синдикални права и колективно договарање”, а со цел да се придонесе во унапредување на правата на работникот, како и градење на капацитети за личен развој и развој на продуктивноста на компанијата.

20170323_104642-01

На обуката активно учество земаа 20 членови на синдикатот, заедно со нивниот претседател. За време на двете работни сесии беа разработени теми за: улогата на вработениот во трудот, потребата од синдикално организирање, основни синдикални активности, улогата на синдикалните претставници во унапредување и зајакнување на синдикалното делување, синдикален менаџмент.

20170323_113020-01

Учесниците земаа учество во неколку работни групи, вежби, како и во плодна дискусија што значеше поттик за поголемо единство и свесност за солидарност во рамки на нивната синдикална организација.

20170323_112917-01

 

20170323_113426-01

 

Предавачи на обуката беа: Доц. Д-р Лазар Јовевски и М-р Звезда Тодоровска.

Гостин на обуката беше претседателот на гранковиот синдикат на енергетика, рударство и индустрија, г-дин Диме Димчев.

До нашата следна средба Ви посакуваме успешна и плодна работа!

Ваша “Јуридика”