Во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан кој што се оддржа од 15 до 18 мај 2018 година во Софија се оддржа конференција на високо ниво за економска и социјална кохезија во Западен Балкан. На конференцијата се обрна внимание на прашањата поврзани со евро перспективите на земјите од Западен Балкан како и за теми од областа на социјалната политика и социјалниот дијалог. Исто така се отворија и прашања поврзани со родовата еднаквост во трудот и вклучување на посебни групи граѓани (лица со попреченост, роми, и други) преку активни мерки за вработување на пазарот на труд. На конференцијата учествуваа делегации од земји на Западен Балкан и од членките на ЕУ претставени преку високи претставници од владите (вице премиери и министри) како и претставници од социјалните партнери. Од конференцијата се пратија силни пораки на политичките претставници од Западен Балкан но и на ЕУ, за поголема улога на социјалните партнери во креирањето на социјалната политика кај земјите од Западен Балкан како и поголема активност на ЕУ земјите и посветеност кон реформските приоцеси кои ги спроведуваат земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ интеграцијата.
П.Ч.