Во текот на вчерашниот ден (17.12.2018) тимот на Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, присуствуваше на два исклучително важни настани за нашето општество.

Во Скопје, на завршната Конференција на Полио Плус – движење против хендикеп, на која се презентираа постигнатите резултати во рамките на проектот „Margina Obscura“ каде што присуствуваа претставници од министерството за труд и социјална политика, Амбасадорите на ОБСЕ и Швајцарија во Република Македонија, како и други граѓански организации кои работат со лица со попреченост. Конференцијата поттикна свесност и будност за прашањата поврзани со хендикепот и начинот на кое македонското општество реагира на нив.

48378489_229696731264589_7593886059209949184_n48405400_278587446181781_472160503766974464_n

48408961_2081401568837184_2911673486621540352_n

Покрај ова, во Скопје се одржа и јавна дебата „Можности и предизвици за овозможување на политики за здрави работни места‘‘, во организација од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје и Македонското здружение за заштита при работа, каде што присутни беа лица претставници од синдикатите, граѓанските организации, Државниот инспекторат за трудот, итн.  Засегнатите страни кои работат на ова прашање, меѓу кои и тимот на Јуридика, разговараа за начинот и методите за подобрување на безбедноста и здравјето при работа, особено за работните места на отворено. Од трибината произлезе заклучокот дека е потребно законско регулирање на проблемот со безбедноста и заштитата на здравјето за работните места на отворено, како и активно работење на полето за подигање на свеста за прашањата од системот на Безбедност и здравје при работа.48408905_579703109120641_1759345675344019456_n

48396778_785605681780147_4116962973417734144_n48422140_2204195066511209_6516625669152047104_n