Завршувањето на 2018 го одбележавме со уникатна обука, нова и малку поинаква од досегашните. Обуката се однесуваше на јакнење на личните и деловните капацитети, а ја спроведе Претседателот на Јуридика – Проф. Д-р Лазар Јовевски.

Слушателите на оваа обука, прв пат се стекнаа со знаења од оваа многу важна област за секоја индивидуа. Ги согледаа своите силни страни, и своите слабости, научија како да се соочуваат со нив, слушнаа што е потребно вистински да се изградуваат и да напредуваат на личен и професионален план, и како да се делува „од его кон еко“ во општеството, и дека речиси сите светски еколошки проблеми потекнуваат од социјалните проблеми. Присутните не беа само слушатели, туку на оваа обука се развија и дебати околу лидерството, социјалното општество, и новите технологии кои допрва ќе бидат развиени во глобалното општество.
Ваша Јуридика!
