Во знак на креативноста која ја негуваше цела 2018 година, Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, така и ја заврши оваа година. Всушност, се спроведе еден необичен, и многу креативен тим билдинг, надвор од канцелариските простории на Јуридика, каде што до сега беа одржувани овие „тим билдинг состаноци“. Водени од ставот „Чист воздух – чисти мисли, и нови идеи“, овој пат тим билдингот се оддржа во природа, со кратко планинарење на членовите на Тимот на Јуридика, каде што беше направена ретроспектива на сите активности спроведени во 2018, и за оние уште поголеми и предизвикувачки активности кои треба да се случат во 2019 година.

49017774_331198987480622_7321096897941209088_n

 

49102323_274355829850569_5811684955918434304_n

 

Се надеваме дека уживавте во објавите, обуките, и целокупните активности кои оваа 2018 година Јуридика ги спроведе за вас и на ваше барање. Останете со нас, заедно да бидеме дел од 2019 година, а до тогаш ви посакуваме мир, здравје, среќа и Благослов!

Ваша Јуридика!