Во рамките на предвидените активности за проектот „Колективните договори – клуч за успешен систем на безбедност и здравје при работа“, и согласно договор и виливост, а со цел промовирање на стандардите за безбедност и здравје при работа, и унапредување на правата на работниците, за безбедна и здрава работна средина преку колективните договори, Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, оддржа интерна тренинг обука за млади правници, волонтери, и членови на тимот на Јуридика. Проектот е финансиран од Европската Унија, преку грантова шема на Македонско здружение за заштита при работа.
55575771_543110369513094_8466547328411500544_n
Присутните на оваа тренинг обука беа обучени за мерките за безбедност и здравјето при работа, низ призма на нивно имплементирање во колективните договори и преговори. На тренинг обуката беа предочени конкретни примери од праксата со кои се соочуваат работниците и работодавачите, како и кратки симулирани вежби за препознавање на слабите и јаките страни на еден Колективен Договор и едно колективно преговарање. Тренинг обуката ја оддржаа предавачи со долгогодишно искуство во теорија и пракса од полето на колективните договори и колективните преговарања.
54403635_839293599745472_4224482033654562816_n
Со зајакнатите капацитети кои ги стекнаа присутните на оваа обука, истите директно ќе се вклучат со идеи за изготвување на колективни договори за компании, како и со мислења и анализи на веќе постоечки колективни договори, и предлози за евентуална промена на истите.
54521737_2276541945701965_183373701717164032_n