Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, го оддржа долгоочекуваното Големо пролетно правно – економско советување од областа на работните односи, на тема: “Aктуелни прашања, дилеми и решенија од областа на работните односи”

1

Големиот пројавен интерес за оваа обука, со повеќе од 70-тина присутни создаде атмосфера за интерактивна обука, на која се отвори продуктивна дискусија, со многу поставени и одговорени актуелни прашања и проблеми на присутните.

2

Излагачите и специјалните гости говореа на многу теми, од кои најголем акцент се даде на засновањето на работниот однос, дискриминација и мобинг, престанок на работниот однос, надомест на штета, безбедноста и здравје при работа, роковите, постапка пред работодавачот и постапка пред суд, инспекцискиот надзор, плати и надоместоци на плати, одмори и отсуства. Овие теми беа длабоко разработени од врвни практичари и теоретичари од областа на работните односи, кои беа во улога на излагачи, како и специјални гости кои интерактивно се вклучија во текот на целото правно советување.

3

Модератор на настанот беше Проф. д-р. Лазар Јовевски, кој исто така несебично го сподели своето обемно знаење во текот на целото советување, предавачи – излагачи беа судија Хилда Мешкова, судија Бојана Велковска, судија Санде Зиков, инспектор Злате Стојановски, инспектор Амир Имери, и м-р. Благоја Гроздановски.

4

Специјалните гости од кои судии, претставници од МТСП, АВРМ, доктори по трудова медицина и трудови инспектори активно се вклучија во дискусијата и активно придонесоа за разрешување на одредени нејаснотии и дадоа свој насоки за идниот развој на трудовото право во земјата. Во оваа прилика тимот на Јуридика им се заблагодарува на Кире Василев – претставник од Министерство за труд и социјална политика, судија Кенанзија Мехмед, судија Оља Крстиќеска, судија Павлина Попоска, судија Виолета Арнаудовска, судија Снежана Ивановска, судија Татјана Клинчарова, судија Александра Палашевска, судија Љупчо Спироски, д-р. Гоце Младеновски, и Фросина Велковска – Агенција за вработување на Република Македонија.

5

Исто така се заблагодаруваме на сите присутни за покажаниот интерес и учеството на ова советување. Ние остануваме доследни на нашата визија, а тоа е создавање на општество во кое трудот е по мера на човекот.

6

Во иднина ве очекуваме на нови правни советувања, форуми на добра волја, работилници, тркалезни маси и обуки, со цел заедно да работиме на унапредување на правниот и економскиот систем во земјата.

Срдечно,

Ваша Јуридика!