
Проект: „Успешни во единство“
Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика“ – Скопје и Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ – Куманово започнаа со спроведување на активностите од проектот „Успешни во единство“ финансиран од Европската унија.


Во првата фаза на имплементација на проектот, организациите спроведуваат истражување кое има за цел да ги утврди потребите на целната група во областа на застапувањето и примена на правната регулатива на локално и национално ниво.

За таа цел во изминатите две недели беа спроведени вкупно 4- четири фокус групи во општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел, како и во просториите на Асоцијацијата “Јуридика”, на кои учествуваа млади и потенцијални претприемачи од немнозински групи на Албанци, Роми и Власи.

Целта на фокус групите беше да се слушнат потребите на младите претприемачи во општините, заради што беше отворена отворена дискусија во која учесниците имаа можност да ја ги изнесат своите ставовите и мислењата во врска со можностите и пречките за отварање и водење на бизнис.




На настаните беа присутни и претставници на општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел кои можеа да ја следат дискусијата.



Проектот е финансиран од Европската унија.
Проектот е имплементиран од: 

