“Јуридика” на завршна национална конференција на проектот “Граѓанското општество во акција за еднаквост“ спроведуван од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ).


На конференцијата беа презентирани резултатите од проектните активности, меѓу кои и Стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на дискриминација, како и Водичот за идентификување на жртви на дискриминација, изготвени од тимот на “Јуридика” предводен од професорот Лазар Јовевски.


На конференцијата беа присутни 40 учесници – претставници на граѓански организации, локални самоуправи и државни институции, активисти за човекови права, како и претставници на Државната комисија за заштита од дискриминација, канцелариите на Омбдусманот, меѓународни институции и други релевантни чинители.

Свое излагање имаше Народниот правобранител на РМ, г-дин Иџет Мемети.



Продолжуваме да бидеме гласник за човековите права!
