Денес на Правниот Факултет “Јустинијан Први”, со подршка на меѓународната организација ОБСЕ се оддржа промоција на учебникот “Антидискриминационо право” чии автори се Д-р. Жанета Попоска – вонреден професор на Правниот Факултет Гоце Делчев – Штип и доцент Д-р. Лазар Јовевски – професор на катедрата по Трудово право при факултетот “Јустинијан Први”.

18575893_1337173072984982_1249974650_o

18578618_1337173226318300_1005585777_n
18596292_1337172962984993_1893641089_o
Промотори на учебникот “Антидискриминационо право” беа деканот на Правниот Факултет “Јустинијан Први” – Д-р. Горан Коевски, и деканот на Правниот Факултет Гоце Делчев во Штип – Д-р. Јован Ананиев, кој воедно е и Рецензент на книгата.

18596321_1337172696318353_377075620_o

На промоцијата беа присутни судии од Основните судови во Р. Македонија и Апелациониот суд во Скопје, професори од Правниот и Економскиот факултет, студенти од Правниот Факултет, Адвокати, и претставници од бизнис секторот и од синдикатите.
18575357_1337172926318330_1425056662_o (1)

18596406_1337173132984976_485598876_o
20170519_120840
Целта на учебникот е да претставува едноставна алатка која на студентите на правните факултети и стручната јавност ќе им даде насоки во идентификувањето на суштинските елементи и карактеристики на антидискриминациското право во рамките на меѓународниот и националниот правен систем, како и на институционалната инфраструктура за негова заштита.

18518231_10211175646759635_4262421498694450638_o