Почитувани,
Јуридика како организација која долги години работи во областа на трудовото и социјалното право со експертски и стручен тим од оваа област, ја препознавме реалната потреба на општеството, на сите вработени и работодавачи, да ги осознаат своите права и обврски, да дознаат како да постапуваат согласно позитивните закони во оваа економска криза во која се наоѓа нашата држава во периодот на пандемијата од Ковид – 19.
Токму затоа, ни претставува особено задоволство да ви соопштиме дека Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“ организира обука на тема:
„Актуелни прашања и проблеми во работните односи во услови на Ковид – 19 пандемија“.
Ве покануваме сите правни и физички лица да земете учество во оваа уникатна обука на која што си земавме обврска и поставивме цел да одговориме на сите прашања, проблеми и дилеми со кои што се соочувавте во изминатиот период.
Плати, годишни одмори, услови за работа од дома, отказ и отказен рок, мерки за заштита од Ковид – 19, финансиска поддршка на работодавачите, финансиска помош на физички лица кои вршат самостојна дејност, новиот сет мерки за поддршка на стопанството и домаќинствата се само дел од темите кои ќе бидат опфатени на претстојната обука.
Врвни експерти од областа на трудовото право и економските односи ќе бидат предавачи на обуката, и секако, ќе бидат на ваше располагање за одговор на сите прашања, проблеми и дилеми од областа.
Предавачи на обуката:
Проф. Д-р. Лазар Јовевски – професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје,
Благоја Гроздановски – Конто Профит
Светлана Ѓорѓиоска – Државен инспекторат за труд – одделение за безбедност и здравје при работа
Место: Хотел Александар II
Време: 9:30
Датум: 24.9.2020 година
Цена на целодневна обука:
2.800,00 денари за следење на обуката во живо,
3.600,00 денари за следење на обуката online преку платформата Zoom.
Специјален попуст за две или повеќе лица од исто правно лице, трговско друштво, компанија и сл.:
За секој втор и нареден следење во живо на обуката: 2.300,00 денари;
За секој втор и нареден следење на online обука на платформата Zoom: 2.800 денари.
Сите учесници на обуката ќе добијат сертификати за учество, работни материјали, како и сумирани писмени материјали на е-пошта по завршување на обуката.
Уплата на Жиро сметка на Јуридика: 210 – 0631903301 – 68, депонент: НЛБ Тутунска Банка
За повеќе информации и пријавување ве очекуваме на тел. број 078/399-098, или на contact@juridica.mk
Агендата за обуката можете да ја погледнете тука!
* Обуката ќе биде оддржана со почитување на сите мерки за превенција и заштита од вирусот Ковид – 19. *