Проект: „Успешни во единство“
Повик за ангажирање на обучувач
Асоцијацијата за правно економски истражувања и едукација “ЈУРИДИКА”, во рамки на проектот „Успешни во единство“, финансиран од Европската Унија, има потреба од:
1 (еден) обучувач за обука на темa:
“Примена на нови дигитални технологии за унапредување на работењето на граѓанските организации” наменета за граѓански организации:
Програма на курсот:
- ВОВЕД ВО ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ
- МАРКЕТИНГ АНАЛИТИКА
- СТЕКНУВАЊЕ И АНГАЖИРАЊЕ НА КОРИСНИЦИ
*** Предложените теми се понудени како насока за потенцијално избраните обучувачи.
При аплицирањето кандидатите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Предлог програма за одржување на обуката (теоретски и практичен дел)
- Цена на чинење на услугата (бруто сума со вклучен персонален данок).
Апликаните треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил: contact@juridica.mk, или лично во просториите на “Јуридика”, на ул. 16-та Македонска Бригада бр. 13б, најдоцна до 21.08.2017 година до 12:00 часот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Деталите во врска со повикот се во прилог:
Повик за ангажирање на обучувач од ИТ областа
Скопје, 17.08.2017 година
Проектот е финансиран од Европската унија.
Проектот е имплементиран од: