EU_flag Проект: „Успешни во единство

 

Почитувани соработници, Ве известуваме дека проектот Успешни во единство“ беше крунисан со изготвување на посебна „Студија за подршка на организираното застапување на младите претприемачи на локално и национално ниво“, наменета за младите претприемачи и локалните власти. Студијата е резултат на истражувањето кое беше спроведено во рамки на проектот реализиран од страна на Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика“ – Скопје во партнерство со Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ – Куманово.

Студијата во себе содржи три дела и тоа: истражување кое ги опфати млади претприемачи од три општини и тоа: општина Гази Баба, општина Бутел и општина Ѓорче Петров. Целта на истражувањето беше утврдување на потребите на младите претприемачи при започнување и водење на бизнисот. Вториот дел е посветен на законската регулатива како и мерките за подршка на претприемништвото. Еден посебен дел од Студијата во детали ги презентира и анализира активните мерки за самовработување обезбедени преку Агенцијата за вработување на РМ. На крај во Студијата се упатуваат препораки за подршка на младинското претприемништво до локалните власти.

Крајната цел на Студијата е да биде поттик и да послужи да младите претприемачи се организираат со цел заедничка акција во остварување на своите бизнис интереси!

Особена вредност на Студијата претставуваат препорачите за локалните власти кои имаат за цел да ги поттикнат за превземање на конкретни чекори во развојот на младинското претприемништво!

За секој млад човек кој има бизнис идеја, оваа студија може да биде алатка за превземање на претприемачка акција!

Со задоволство Ви ја препорачуваме!

 

Студија за подршка на организираното застапување на младите претприемачи на локално и национално ниво

 

EU_flag Проектот е финансиран од Европската унија.

1

Проектот е имплементиран одLogo crveno-crnoDrom logo PNG