Проект: „Успешни во единство“
Повик за ангажирање на експерт за изработка на Програма за следење и менторирање
Асоцијацијата за правно економски истражувања и едукација “ЈУРИДИКА”, во рамки на проектот „Успешни во единство“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за прибирање на понуди за ангажирање на експерт, и тоа за:
1 (еден) експерт за изработка на ПРОГРАМА за следење и менторирање на младите претприемачи во процесот на застапување.
Програмата има за цел да обезбеди континуитет на активностите и одржливост на влијанието и резултатите кои ќе се постигнат од проектните активности.
При аплицирањето кандидатите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Листа на референци (листа од организации со кои претходно е работено на соодветната тематика)
- Предлог – Програма
- Цена на чинење на услугата (бруто сума со вклучен персонален данок) по ден.
ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Апликаните треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил: contact@juridica.mk или лично во просториите на “Јуридика”, на ул. 16-та Македонска Бригада бр. 13б, најдоцна до 15.08.2017 година до 12:00 часот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Деталите се во прилог:
Повик за ангажирање на експерт за изработка на програма за менторирање
Скопје, 10.08.2017 година
Проектот е финансиран од Европската унија.
Проектот е имплементиран од: