Проект: „Успешни во единство“
На ден 29-ти јуни 2017 година, во рамки на проектот “Успешни во единство” беше реализирана обуката на тема: “Застапување и лобирање” наменета за млади претприемачи од немнозинско етничко потекло.
Младите претприемачи од немнозинско етничко потекло на обуката имаа можност да осознааат за можностите но и да ги зајакнат своите вештини за застапување на своите заеднички интереси и потреби. На обуката учесниците добија увид за концептот на застапување и лобирање, видови на активности, различни пристапи и основните елементи од кои треба се состои ефективното застапување и лобирање.


Преку обуката, учесниците осознаа за:
- основните принципи за тоа како да се биде успешен во лобирањето и застапувањето,
- ресурсите и капацитетите потребни за ефективно и ефикасно застапување и лобирање;
- како да ги идентификуваат проблемите за застапување и лобирањето, направат анализа на засегнатите страни за идентификуваните проблеми, како и акциски план за веќе идентификуваните проблеми за застапување и лобирање.


Во текот на сесиите беа разгледувани различни прашања кои ги засегаат нивните бизниси, а имаа можност да стекнатите знаења од обуката да ги употребат во практичните вежби и работа во групи.

Ви ја најавуваме следната активност во рамки на проектот “Успешни во единство” која ќе има за цел да обезбеди можност за младите претприемачи – учесници во проектот да ги видат во пракса придобивките од организирано застапување во бизнис секторот а за таа цел организираме отворен ден и состанок со претставници од Бизнис Конфедерација на Македонија.
До следната средба Ве поздравуваме!
Проектот е финансиран од Европската унија.

Проектот е имплементиран од: 

