Во петтата емисија – „Понеделнички кафе муабет во МЗЗПР“, м-р Милан Петковски, претседател на МЗЗПР, focal point менаџер на EU-OSHA и проф. д-р Лазар Јовевски, разговараат за:
– Улогата и значајноста на ЕU-OSHA
„Во Европа, сеуште местото на професионалците за безбедност и здравје при работа не е на вистинското ниво на кое што би сакале и за кое се залагаме да биде. Тоа што EU OSHA се обидува да го направи е: да ги рашири, канализира добрите пракси до што е поголем број на засегнати страни и да допре до крајниот корисник- работникот“ -(M-р Милан Петковски)
– Начин на реализирање и промоција на кампањи на EU-OSHA
– Улогата на МЗЗПР, како focal point
Не е само набљудувач, туку активно, преку проактивен пристап се вклучува како во дискусиите, така и во активностите. Тим Трегенза, менаџер за EU-OSHA често истакнува: „Секој пат од Балканот доаѓаат свежи идеи, позитивна енергија и добиваме многу добри насоки кога станува збор за комуникација со генералната популација.
– Оптимистички заклучок
„Потенцијал има во нас, (на Балканот) треба да го искористиме, да се вклучиме во процесите и да правиме нешто што ќе остави трага не само лично за нас, туку и пошироко за општеството. Тоа секогаш вродува со плод“. (Проф.Д-р Лазар Јовевски)