Во рамките на проектот „Колективните договори – клуч за успешeн систем за безбедност и здравје при работа“, грант од Макекдонското здружение за заштита при работа, а поддржан од Европска Унија, Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, објавува:
О Г Л А С
за ангажирање на експерт и истражувач
Во рамките на компонентата за правна експертиза, Асоцијацијата за правно – економски
истражувања и едукација „Јуридика“, има потреба од ангажирање на:
1. Експерт за изработка на правна анализа за колективни договори на ниво на работодавач, и изработка на предлог измени на Законот за работните односи и Законот за безбедност и здравје при работа; и
2. Истражувач за работа на терен, кај работодавачи, и работа со податоци.
Во рамките на ангажманот, експертот е потребно да:
– Присуствува на состаноци во кои се сумираат истражените податоци;
– Да ја изработи правната анализата на колективните договори;
– Комуницира со проектниот и истражувачкиот тим на Асоцијација за правно – економски
истражувања и едукација „Јуридика“;
– Ги презентира предлог мерките и анализата на завршната конференција, и пред државни органи.
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
– Завршено високо образование од областа на правото или економијата со стекнати на
најмалку 240 кредити според ЕКТС системот;
– Најмалку 5 години релевантно искуство од областа на работните односи;
– Сеопфатно познавање на македонскиот правен систем;
– Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални,
социјални и културни средини;
– Искуство во подготовка на претходно спроведени методологии за истражувања/анализи;
– Искуство во подготовка на анализи, и предлог измени на Закони.
Во рамките на ангажманот, истражувачот е потребно да:
– Присуствува на состаноци за презентирање на истражените податоци;
– Предлага методологии за работа;
– Истражува колективни договори и колективни преговори на ниво на работодавач;
– Работи на терен;
– Комуницира со проектниот тим и експертот кој работат на проектот;
– Ја презентира својата работа, и истражените податоци.
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
– Завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС системот;
– Високи познавања од македонскиот правен систем, како и претходно искуство во
истражувачката работа;
– Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални,
социјални и културни средини.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV и мотивационо писмо, по електронски пат, најдоцна до четврток – 21.03.2019 година до 16:00 часот, на e-mail адресата: contact@juridica.mk.
За повеќе информации за проектот, активностите кои ќе бидат извршувани во рамките на истиот, како и работата на Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, посетете ја нашата facebook страна: https://www.facebook.com/juridicamk/, или јавете се на телeфон: 078/758-405.