Закон за спречување и заштита од дискриминација (поврзаноста со трудот)

Разговор помеѓу м-р. Милан Петковски, и проф. д-р. Лазар Јовевски од Правен факултет „Јустинијан Први“ во кој ги начнуваат прашањата за неодамна донесените измени на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

1. Што е дискриминација?
2. Најчести форми на дискриминација ( афирмативна дискримација)
3. Разлика помеѓу пол и род
4. Правилник за безбедност и здраве при работа при рачно пренесување на товар, издаден од МТСП
Зошто токму оваа тема: „Се обидувам со отворен ум да пристапувам кон секоја работа, без предрасуди. Оваа тема ја начнувам затоа што се обидувам да се ставам во позиција на двете страни, затоа што најтрагично би било за нашето и онака кревко општество да го надополнуваме со тензии и ситуации кои на дневна основа ќе ги фрустрираат луѓето и нема да го прават она што е начелно за заштитата при работа- прилагодување на работното место на ЧОВЕКОТ“- M-р Милан Петковски
За поврзаноста на донесениот закон за спречување и заштита од дискриминација и трудот:
„Во однос на трудот, кога зборуваме за еднаквост, тогаш работите малку ни се мешаат. Во рамките на трудот, постојат исклучоци од оној општ концепт за дискриминација. Во трудот сеуште се прави „диференцијација“ (биолошка) машки, женски труд.
Меѓутоа, Европската парадигма или доктрина во последните 30-40 години оди во линија на тотално изеденачување на машкиот и женскиот пол во секој аспект и да не се делат работите на „машки“ и „женски“. Разликата помеѓу машкиот и женскиот пол во рамките на трудот се гледа само низ призмата на БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА“-Проф.Д-р Лазар Јовевски
Дали оваа тема е непознаница за трудовата реалност?