Проект: „Успешни во единство“
Повик за ангажирање на обучувач
Асоцијацијата за правно економски истражувања и едукација “ЈУРИДИКА”, во рамки на проектот „Успешни во единство“, финансиран од Европската Унија, има потреба од:
1 (еден) обучувач за обука на темa: “Застапување и лобирање” наменета за млади претприемачи:
- Концепти во застапувањето и Вештини за организирано застапување;
- Идентификување на проблеми и Бариери за организирано застапување;
- Релевантничинители и Организирано застапување пред креатори на политики;
- Здружување со претприемачи од други етнички заедници.
*** Предложените теми се понудени како насока за потенцијално избраните обучувачи. Програмата треба да биде изработена согласно заклучоците од „Студија за организирано застапување на младите претприемачи на локално и национално ниво“.
При аплицирањето кандидатите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Предлог програма за одржување на обуката (теоретски и практичен дел)
- Цена на чинење на услугата (бруто сума со вклучен персонален данок)
Апликаните треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил: contact@juridica.mk, или лично во просториите на “Јуридика”, на ул. 16-та Македонска Бригада бр. 13б, најдоцна до 12.06.2017 година до 12:00 часот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Во прилог се деталите:
Повик за ангажирање на обучувач
Скопје, 07.06.2017 година
Проектот е финансиран од Европската унија.
Проектот е имплементиран од: